Дани Олмо пристигна како огромно засилување во Барселона и мораше малку да почека за да се израдува на својот деби настап, но откако го направи тоа, шпанскиот репрезентативец веднаш покажа дека ќе биде голем плус за тимот на Ханси Флик.
Олмо постигна два гола на првите два меча, па иако како репрезентативец веќе познаваше добар дел од играчите на Барселона, има и такви кои посебно го изненадиле.
Офанзивниот фудбалер е импресиониран од играчот кој е најпријатно изненадување на стартот на сезоната во тимот на Ханси Флик, Бразилецот Рафиња кој изгледа непрепознатливо подобро во споредба со минатата сезона.
Иако беше на излезни врати, Рафиња се избори за место во тимот на Флик и игра извонредно добро на стартот од сезоната, а тоа го препознал и Олмо.
– Од првиот ден имам посебна конекција со Рафиња. Се поврзавме уште со прв поглед и навистина сум изненаден од него. Тој е комплетен фудбалер, но и одлична личност. Секогаш е тука за соиграчите во соблекувалната, им помага на помладите, а ми помогна и мене кога пристигнав. Многу ми се допаѓа поради тоа на теренот секогаш работи за тимот, секогаш е убеден дека може да му помогне на некој од соиграчите, – вели Олмо.