8 C
Skopje
Friday, May 7, 2021

Околу 500 луѓе евакуирани поради ерупција на вулканот Мерапи

Најчитани вести

Вулканот Марапи во Индонезија утрово почна да исфрла пепел, а околу 500 жители се евакуирани.

Облаците пепел достигнаа висина од 200 метри над кратерот. Индонезискиот Центар за истражување и развој на геолошките катрастрофи соопшти дека облаците пепел се шират на околу еден километар од вулканот.

– Засега потенцијалната опасност не е поголема од пет километри (оддалеченост од вулканот), изјави директорот на Центарот, Ханик Хумаида.

Индонезиските власти во ноември го подигнаа нивото на предупредување на планината Мерапи на втор највисок степен откако беше снимена се поголема активност на вулканот, беа забранети туристички посети, а со работа прекинаа и рударите.

Мерапи се наоѓа на надморска висина од 2.968 метри и е околу 30 километри од центарот на градот Јогјакарта. Околу 250.000 луѓе живеат на оддалеченост од 10 километри од вулканот.

Мерапи еруптираше и исфрли пепел и лава во јуни минатата година, но немаше жртви. За време на последната голема ерупција во 2012 година загинаа 347 луѓе, а беа евакуирани 20.000 жители.

Во Индонезија има над 120 активни вулкани.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести