Home » Околу 200 луѓе и натаму се заробени во зградата, напаѓачите се во бегство

Околу 200 луѓе и натаму се заробени во зградата, напаѓачите се во бегство

by Журнал.мк

Нападот го извршиле неколку лица облечени во воени униформи, пренесе Би-Би-Си.

Напаѓачите сѐ уште се во бегство, соопшти руската национална гарда, додавајќи дека нејзините припадници евакуираат цивили и бараат осомничени.

Три специјални полициски единици се наоѓаат во зградата, каде што се забарикадирале неколку напаѓачи.

Руските медиуми неодамна објавија дека е уапсено едно лице поврзано со нападот.

Во моментото на нападот , во салата имало 6.200 лица, кои тебало да гледаат концерт на поп група.

Салата „Крокус“ ​​е целосно опожарена, покривот се урнал, но конструкцијата останала недопрена.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More