Home » Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

by Журнал.мк

Водите на Охридско Езеро, од албанска страна, кај селото Лин, општина Подградец, денеска беа збогатени со околу два милиони парчиња подмладок охридска пастрмка-коран, објави АБЦ њуз.

-За прв пат по три децении вакво рекордно количество се фрла во езерото што го делат Албанија и Северна Македонија, по истражувањето направено пред неколку години, со кое овој редок вид риба беше класифициран како вид во опасност од исчезнување, изјави Олси Чекичи, специјалист од мрестилиштето во Лин.

Според него, иако порибувањето со оваа уникатна риба е обврска за двете држави, од македонска страна, во последните неколку години, не е реализирана ваква активност.

Од албанска страна, пак, во последните четири години езерото е порибено со над 5 милиони парчиња подмладок.

Телевизијата наведува дека овој вид риба со години повеќе не е на листата на загрозени видови, а според специјалистите состојбата е променета, благодарение на свеста на рибарите.

Мерките за забрана на ловот дадоа резултат, рибарите станаа посвесни да го заштитат коранот, кој е многу баран од хотелите и рестораните, како последица на зголемениот број туристи, особено во последните две години.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk