Home » Охрид домаќин на 23. состанок на Постојаната експертска група за африканска чума

Охрид домаќин на 23. состанок на Постојаната експертска група за африканска чума

by Журнал.мк

Охрид утре и задутре ќе биде домаќин на 23. состанок на Постојаната експертска група за болеста африканска чума кај свињите. Како што велат од АХВ за МИА, на состанокот ќе учествуваат високи претставници на Европската Комисија (ЕК), Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите Нации (ФАО), Светската организација за здравствена заштита на животните (WOAH), реномирани експерти за болеста африканска чума кај свињите и претставници од ветеринарните служби од Русија, Украина, Молдавија, Естонија, Полска, Латвија Литванија, Германија, Шведска, Чешка, Словачка, Унгарија, Романија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора, Косово, Бугарија и Италија.

Во рамки на дводневниот состанок, презентирани ќе бидат актуелната состојба со болеста во Европа и регионот, мерките кои се преземаат за нејзино ставање под контрола и искоренување, како и меѓудржавната соработка на надлежните ветеринарни служби.

Ќе се презентираат и активностите на регионалниот проект „Регионална акција на ЕУ за искоренување болести кај животните во Западен Балкан – 2“ што го финансира ЕУ.

Порака од состанокот ќе испрати и директорот на АХВ, Оливер Миланов според кој сите инволвирани и засегнати страни треба да вложат максимални напори за болеста да се стави под контрола и да се искорени.

-Преку споделување на највисоките европски и светски стандарди за справување со африканска чума кај свињите, сите вклучени во системот за борба против оваа болест ќе разменат искуства, ќе стекнат нови знаења, но и практики. Ќе упатам апел, сите заеднички да вложиме максимални напори за да ја ставиме болеста под контрола, да ја искорениме, во интерес на бизнисот, економијата и граѓаните како потрошувачи, нагласува Миланов во пресрет на настанот што ќе се одржува следните два дена во Охрид.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk