Охриѓанец со автомобил марка „Пасат“, вчера удрил во метален столб со камери за видеонадзор на граничниот премин „Табановце“, соопштија од кумановската полиција.
– Вчера околу 18:30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на граничниот премин „Табановце“ се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Пасат“ со охридски регистарски ознаки управувано од страна на 59-годишно лице од Охрид удрило во метален столб со камери за видеонадзор, информираат од СВР Куманово.
Додаваат дека во незгодата нема повредени лица, а увид извршила екипа од СВР Куманово.