СВР Битола поднесе кривична пријава против 32-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
– На 16-ти септември 2024 година, пријавениот телефонски стапил во контакт со едно женско лице, лажно се претставил дека е менаџер на Агенција за помош на жртви од измами и дека ќе ѝ помогне да ги врати паричните средства од претходна измама во износ од 5.000 евра, по што побарал од неа на телефонот да симне апликација и да му даде лозинка за да има увид во нејзината трансакциска сметка. По ова, таа подигнала кредит од 200.000 денари, од кои 150.000 денари ги уплатила на трансакциска сметка на пријавениот, информираат од МВР.