Home » Огромен пожар на Лонг Ајленд, прогласена е вонредна состојба

Огромен пожар на Лонг Ајленд, прогласена е вонредна состојба

by Журнал.мк

Гувернерот на Њујорк, Кети Хокул прогласи вонредна состојба во округот Сафолк поради пожарот што го зафати Лонг Ајленд, пренесоа американските медиуми.

Пожарот не стивнува, а силниот ветер кој се прогнозира да трае до доцните вечерни часови го отежнува гаснењето на пожарот, објави Си-Ен-Ен.

Извештаите потврдија дека локалните патишта на Лонг Ајленд се затворени поради пожарот, дека густ чад се шири над островот и дека населените места се во состојба на готовност.

Гувернерот на Њујорк потврди дека Националната гарда на Њујорк обезбедува воздушна поддршка со хеликоптери и ги координира своите активности со локалните органи за спроведување на законот, нагласувајќи дека безбедноста на жителите на Лонг Ајленд е приоритет.

„Првиот пожар избувна околу 13 часот во саботата, а уште три избувнаа во текот на денот“, потврди извршниот директор на округот Сафолк, Ед Ромен на прес-конференција.

Во пожарите изгоре зграда во близина на аеродромот Францис С.Габрески, каде вработениете се евакуирани како мерка за претпазливост почнувајќи од 13.45 часот, изјави портпаролот за агенцијата АП, истакнувајќи дека би можело да станува збор за „повеќедневен настан“ и дека се „закгрижени поради засилените ветрови“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk