Home » Огромен портрет од Тејлор Свифт за нејзиниот концерт во Лондон

Огромен портрет од Тејлор Свифт за нејзиниот концерт во Лондон

by Журнал.мк

Тејлор Свифт минатата недела настапуваше во Лондон во рамките на својата турнеја Ерас, а во еуфоријата пред нејзините настапи, градот Лондон ангажираше уметник да го нацрта нејзиниот портрет на скалите на стадионот Вембли.

Задачата му припадна на Френк Стајлс од Сандерленд кој го нацрта муралот на Свифт голем 2,4 метри на т.н. „Шпански скали“ на Вембли. Муралот беше наречен „Swiftie Steps“ и привлече огромен број на фанови кои си правеа свое селфи со него.

„Кога бев мал, цртањето со спреј беше нешто лошо, а денес стојам до градоначалникот на Лондон и цртеж со спреј кој сум го нацртал“ рече Стајлс.

Цртежот бил првично креиран во гаража, а потоа сликата била испечатена на панели од винил кои биле залепени на скалите. Стајлс открива дека имал само неколку недели за да го креира цртежот и се мачел да најде ѕид доволно голем.

Тој преку социјалните мрежи упатил повик каде што бара ѕид кој е барем три метри висок и 1,8 метри широк. Уметникот кажа дека најголем предизвик било да се обезбеди дека перспективата на портретот на пејачката ќе биде добра откако ќе биде пренесен на скалите.

„Луѓето кои ги печатеа панелите не можеа да го сфатат моментот дека нејзиното чело е многу поглемо на цртежот, бидејќи тоа е најдалеку во перспективата“ вели Стајлс.

Тој признава дека лично не е фан на Тејлор Свифт, но дека неговата ќерка ја слуша нејзината музика и дека таа и нејзините другарки му помогнале да ги избере пропратните елементи за цртежот.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More