Home » Oгномет вечерва ги вознемири скопјани, полицијата ги бара сторителите

Oгномет вечерва ги вознемири скопјани, полицијата ги бара сторителите

by Журнал.мк

Од Министерството за внатрешни работи за „360 степени“ вечерва го потврдија настанот за кој велат дека се случил кај арената „Тодор Проески“ во Скопје и дека трагаат по сторителите

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа огномет, а во објавата пишува „10 минути огномет. Што народ живее овде? Какви луѓе се ова?“.

Според околината што се гледа на видеото, огнометот бил активиран на кејот на Вардар во Скопје. На објавата кометираат граѓани што велат дека живеат во близина и дека го виделе огнометот. Негодуваат и ја повикуваат полицијата да постапува. Некои пишуваат дека виделе како некој го пали огнометот и побегнал.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) за „360 степени“ вечерва го потврдија настанот за кој велат дека се случил кај арената „Тодор Проески“ во Скопје и дека трагаат по сторителите.

„Вечерва во 21:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека на кејот на реката Вардар во близина на хотел и стадион ‘Тодор Проески’ имало огномет. Веднаш по добиената пријава полициски службеници се упатени на лице место и се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и расчистување на случајот“, велат од МВР.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk