Минатата седмица на свечено отворање започна со работа новиот продажно-сервисен центар на KIA!
Новиот салон е на нова локација, но на само стотина метри од досегашниот салон. Поставен на ул. Перо Наков бр. 25, новиот салон е навистина грандиозен. Изграден е во духот на новите и врвни стандарди на KIA и е своевидно утврдување на успешната работа на јужнокорејскиот бренд во Македонија.
Со отворањето на новиот салон, KIA не само што бележи успешни и непречени работа и раст, туку и одговара на новите стандарди поставени од принципалот. Овие достигнувања беа одбележани во присуство на преку 350 гости, клиенти и соработници.
Менаџментот на Premium Brands – KIA, изрази благодарност до сите соработници, клиенти и гости, но истовремено се пофали дека новиот објект е најголем продажно-сервисен центар на KIA и веќе е отворен за купувачите и фановите на брендот.
Им посакуваме многу среќа во новиот салон и пренесуваме неколку фотографии од салонот и автомобилите кои се изложени во него. Наскоро се очекуваат и нови модели!