Кристијан Ериксен од ова утро и официјално е нов член на Брентфорд, откако англискиот клуб преку сите свои официјални гласила го потврди ангажманот на фантастичнит играч за врска.
Данскиот репрезентативец и дефинитивно си пронајде нова средина седум месеци по траоирниот инцидент на Европското првенство, кога буквално беше вратен во живот по срцевиот удар кој го преживеа на теренот. По стабилизирањето од шокот и по вградувањето на дефибрилатор кој го контролира неговото срце, Ериксен доби зелено светло за враќање на терените, но отпочеток беше јасно дека тоа нема да биде во Италија каде има забрана за професионално бавење со фудбал по претрпен срцев удар.
Ериксен спогодбено го раскина договорот со Интер кој беше во времетраење од неколку години, па сега како слободен агент пристигнува во Брентфорд и се враќа во Премиер лигата.
Кристијан имаше извонредни изданија во дресот на Тотенхем и добро знае што како е да се игра во англиската елита, во која ќе го гледаме во најскоро можно време.
– Здраво на сите, тука е Кристијан Ериксен. Среќен сум што можам да соопштам дека потпишав за Брентфорд. Не можам да дочекам да почнам и се надевам дека ќе се видиме многу брзо, – вели Ериксен.