Home » Официјално доделени наградите “Златно тркало 2024”!

Официјално доделени наградите “Златно тркало 2024”!

by Lina Muslija

На официјален настан одржан во ресторанот Рагуза 360, вчера вечер беа свечено доделени наградите од петтото издание на Изборот за Најпосакуван Автомобил во Македонија – Златно Тркало.

Златно Тркало претставува уникатен начин за избор на најпосакуваниот автомобил кај нас преку гласање на целата јавност во Македонија која има пристап до интернет и социјалните мрежи. Целиот избор започна кон крајот на минатата годината, по што се формираше листата за гласање во месец февруари.

 

 

Финалистите беа поделени во 5 категории и се избираше меѓу 14 автомобили. Повеќе од 75 објави на порталите и стотици содржини на социјалните медиуми, над 150.000 прегледи и повеќе од 120.000 следбеници… креираа 20.510 гласања на официјалната страница www.zlatnotrkalo.mk, и се добија 5 победници.

 

 

 

Изборот е инициран од најстариот автомобилски медиум Авто Плус кој оваа година одбележува 30 години непрекината работа, а со него во функција на организатори и презентери на моделите се јавуваат CARclub, Cars by Vik, RPM.mk и БизнисИнфо.

– Во категоријата Најпосакуван семеен автомобил со 29.49 проценти од гласовите е избран Mazda CX-60.

– Во категоријата Најпосакуван градски автомобил со 47.53 проценти од гласовите е избран Opel Corsa.

– Во категоријата Најпосакуван електрифициран автомобил со 31.22 проценти од гласовите е избран Volkswagen ID.7.

– Во категоријата Најпосакуван премиум автомобил со 46.20 проценти од гласовите е избран Audi Q8.

– Главната награда за Најпосакуван автомобил во Македонија за 2024 година оди кај Porsche Panamera кој освои 39.90 проценти од гласовите.

Плакетата ја предаде сопственикот на Авто Плус – Влатко Кошевалиски, а наградата ја прими Винко Марашевиќ – Бренд менаџер на Порше.

 

 

 

Кога станува збор за самиот избор, во него членови се медиуми кои исклучиво функционираат на интернет и социјалните мрежи. Тие кон крајот на секоја година ја формираат листата на нови автомобилски модели презентирани на македонскиот пазар во период од една година или од 1ви март до 1ви март следната година. По првиот филтер, на листата за гласање се наоѓаат модели кои овластените импортери ќе ги номинираат, поделени во неколку категории.

 

 

 

Гласањето годинава се одвиваше на официјалниот сајт на Златно Тркало, каде беа поставени сите модели поделени по категории, а покрај секој модел стојат линковите до членовите на Изборот кои водат до пост, вест или клип за возилото, од медиумот.

 

 

 

Гласањето на централниот сајт www.zlatnotrkalo.mk започна на 15 Март и траеше до крајот на месецот и сите имаа можност да дадат глас за својот фаворит во сите 5 категории. Победниците беа објавени на 1ти Април, а вчера (Четврток 11.04) беа доделени признанијата.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More