31.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Office 2021 наскоро пристигнува на Windows и macOS, претставен и Office LTSC

Најчитани вести

Microsoft ја претстави следната верзија на својот пакет на продуктивни апликации, кој го носи името Office 2021.

Компанијата истакнува дека Office 2021 ќе им биде достапен за купување на индивидуалните корисници и претпријатија подоцна во текот на годината, но не е познат точниот датум на објава и цената. Сепак, Microsoft ги уверува корисниците дека нема намера да ја менува цената на овие производи во моментот на објавата.

Office 2021 за Windows и macOS ќе има поддршка во текот на пет години, а Microsoft соопшти дека ќе објави и 32-битна и 64-битна верзија на Office 2021.

Microsoft го објави и Office LTSC (Microsoft Office Long Term Servicing Channel), пакет продуктивни алатки наменет за клиенти кои сè уште не се во целост подготвени во целост да се префрлат на cloud или да работат на системи што не можат да добиваат ажурирања во текот на продолжениот период.

Office LTSC ќе добие и петгодишна поддршка и ќе биде објавен во текот на втората половина на 2021. година (комерцијалниот preview пристигнува во април). Office LTSC донесува подобрувања за достапност, темен режим во различните апликации и генерални подобрувања на перформансите за Word, Excel, Outlook и PowerPoint.

Microsoft објави дека цените за Office Professional Plus, Office Standard и индивидуалните апликации ќе бидат зголемени за 10 проценти кога овој софтвер ќе стане јавно достапен.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести