Home » Одземена лиценцата на „Беса транс“

Одземена лиценцата на „Беса транс“

by Журнал.мк

Министерството за економија ја одзема лиценцата на туристичката агенција „Беса Транс“, објави министерот за економија Крешник Бектеши на социјалните мрежи.

„По барање на Министерството за економија, Државниот пазарен инспекторат има извршено три вонредни инспекциски надзори во просториите на субјектот ДТППУ БЕСА ТРАНС БТБ ДООЕЛ експорт –импорт со адреса: село Рашче, Општина Сарај – Скопје, подружница БЕСА ТРАВЕЛ со адреса улица Стив Наумов број 2/2-3 Скопје, при што е констатирано дека истиот не обавува дејност, односно не работи. Државниот пазарен инспекторат, постапувајќи по наше барање, има доставено известување бр. 09-26-51 од 11.01.2021 година со кое информира дека правниот субјект не обавува дејност, односно канцелариите се затворени и во истите не може да се изврши инспекциски надзор па како министер за економија донесов решение за одземање на лиценцата“, пишува Бектеши.

Од Министерството ги повикуваат сите граѓани да проверат со кои туристички агенции патуваат, односно дали имаат важечки лиценци за работа издадени од Министерството за економија.

Со автобус на „Беса транс“ патуваа 45-те македонски државјани кои загинаа во автобуската несреќа во Бугарија.

Министерството за економија денеска ја одзема лиценцата за на Туристичката агенција БЕСА ТРАВЕЛ.По барање на…

Posted by Kreshnik Bekteshi on Wednesday, January 12, 2022

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More