Home » Одржани први политички консултации помеѓу министерствата за надворешни работи на Македонија и Азербејџан

Одржани први политички консултации помеѓу министерствата за надворешни работи на Македонија и Азербејџан

by Журнал.мк

Во Баку се одржале први политички консултации меѓу министерствата за надворешни работи на Република Македонија и Република Азербејџан, предводени од замениците министри на двете земји, Зоран Димитровски и Фариз Рзајев.

Делегациите разменија мислења околу билатералните односи меѓу двете земји и можностите за нивно унапредување, притоа истакнувајќи ја потребата од заокружување на билатералната правна рамка во области од заемен интерес, како основа за натамошно продлабочување на соработката особено во делот на економијата и на надворешно-трговската размена.Обострано беше констатирано дека постои потенцијал за унапредување на соработката во сферата на енергетиката, за што нашата земја веќе неколку пати го искажа интересот за приклучување кон ТАП-Трансјадранскиот гасовод, како една од можните алтернативи за ублажување на последиците од глобалната енергетска криза“, се наведува во соопштението.

Се посочува дека интензивирањето на контактите помеѓу двете земји во последниот период, вклучително и неодамнешните посети „придонесоа кон подигнување на политичкиот дијалог на едно повисоко ниво, што резултираше со потпишување на Договорот за укинување на визниот режим за носителите на дипломатски и на службени патни исправи“.

Двајцата соговорници оценија дека одржувањето на првите политички консултации помеѓу двете земји ќе биде вистински поттик и солидна основа за понатамошно продлабочување на севкупните билатерални односи, стои во соопштението.

Во рамките на посетата на Баку, заменик-министерот Димитровски остварил средба и со министерот за надворешни работи на Азербејџан, Џејхун Бајрамов.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk