Home » Oдрони на патот Делчево – Македонска Каменица – Кочани кај село Истибања

Oдрони на патот Делчево – Македонска Каменица – Кочани кај село Истибања

by Журнал

Нова опасност за возачите кои патуваат по магистралата А3 и патот Делчево – Македонска Каменица – Кочани, откако утрово нови поголеми одрони се забележани во близина на село Истибања. Паднатите карпите се наоѓааат на дел од коловозот, а сообраќајот засега се одвива по местото каде истите можат да се заобиколат, информираат возачи.

Од „Македонија пат“ информираа дека нивни екипи со механизација веќе се упатени кон месноста Драките каде се наоѓаат одроните, се со цел истите да бидат отстранети.

„Се работи за поголеми карпи на терен кој е подложен на одрони и каде во минатото имаше и поголеми такви карпи, заради што возачите секогаш претпазливо се движат на оваа релација. Во очекување сме расчистувањето да заврши бргу и сообраќајот повторно да се одвива без проблеми по двете коловозни ленти“, информираа од „Македонија пат“.

Апелираа на почитување на сообраќајната сигнализација и приспособување на брзината пред самата делница.

„Она што е важно е што, што не е забележана материјална штета или возила зафатени од одроните“, додадоа од „Македонија пат“.

Во изминатите неколку години овој патен правец често е подложен на паѓање на карпи заради што во неколку наврати истиот беше дополнително обезбедуван.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More