Home » Одлуките донесени за време на претседателствувањето на Георгиев се во правна сила, велат од Судскиот совет

Одлуките донесени за време на претседателствувањето на Георгиев се во правна сила, велат од Судскиот совет

by Журнал

Сите одлуки донесени во Судскиот совет за време на 8 месечниот мандат на Сашко Георгиев се во правна сила, не се ништовни. Со ваков став излезе денеска Судскиот совет откако пред неколку дена во јавноста се отвори прашањето дали пресудата на управен, со која го поништи разрешувањето на Весна Дамева како незаконско, ги оспоува и одлуките со потпис на нејзиниот наследник.

Дел од експертската јавност оцени дека одлуката на управен отвора можност да се бара повторување на постапките, на пример од незадоволни судии кои би се повикале на тоа дека одлуките се потпишани од неовластен потписник. Од судски реагираа со спротивен став:

СО ПРЕСУДАТА НА УПРАВНИОТ СУД НЕ СЕ ДОВЕДУВА ВО ПРАШАЊЕ ЗАКОНИТОСТА НА ОДЛУКИТЕ ДОНЕСЕНИ ОД СУДСКИОТ СОВЕТ КАКО КОЛЕКТИВНО ТЕЛО, БИДЕЈЌИ СЕ ПОНИШТУВА РЕШЕНИЕТО ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ НА СЕГАШНАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА.

Поранешниот судија Владимир Туфегџиќ кој е адвокат на судијката Оља Ристова во жалбената постапка пред Врховен, поради тоа што не беше избрана во скопска апелација, во нардните денови ќе анализира и ќе се консутира со правни експерти дали да го оспори овој избор на судии, но и други одлуки, без разлика на денешниот став на Судскиот совет.

Во секој случај смета дека одговорност и делегитимирање на Судскиот совет треба да има. Членовите на советот кои го изгласале незаконско разрешување на Дамеав извршиле упад во правниот поредок, оценува Туфегџиќ, кој очекува нивно разрешување од тие што ги избрале.

КРАЈНО ВРЕМЕ Е ДА СЕ ПОКРЕНЕ ИНСТИТУЦИОНАЛНА ПОСТАПКА ЗА ОТПОВИКУВАЊЕ НА МАНДАТОТ НА ОВИЕ ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТОТ НА НАЧИН ШТО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДРЖАВАТА ЌЕ ПОКРЕНЕ ИНИЦИЈАТИВА ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ НА ЕДЕН ОД ДВАЈЦАТА ЧЛЕНОВИ КОИ ТОЈ ГИ ПРЕДЛОЖИЛ, А ВОЕДНО И СОБРАНИЕТО И СУДИИТЕ ДА ПОКРЕНАТ СООДВЕТНА ИНИЦИЈАТИВА ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ НА ОСТАНАТИТЕ ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТОТ КОИ ТИЕ ГИ ПРЕДЛОЖИЛЕ, СМЕТА ТУФЕГЏИЌ.

Одговорност бараат и од граѓанскиот сектор. Велат одлуката на Управен го потврдила сето она за што реагираа од првиот ден кога почнаа превирањата во Судскиот совет.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More