Home » Одлуката на САД за царините нема да има голем импакт врз нашата економија, но имаме подготвен план за надминување на ситуацијата

Одлуката на САД за царините нема да има голем импакт врз нашата економија, но имаме подготвен план за надминување на ситуацијата

by Журнал.мк

„Во однос на одлуката на САД за царинските трошоци, за нас станува збор за очекувана одлука на американската администрација, која не ја одмина ниту една земја во светот – дури ни Велика Британија, Канада, Европската Унија и уште стотици други држави.

Владините тимови веќе некое време ги анализираат можните последици и заедно имаме подготвен план за надминување на ситуацијата. Оваа одлука нема да има голем импакт врз нашата економија, но ние имаме јасен план како понатаму.

Контактите со американската администрација се веќе воспоставени и ќе продолжат на високо ниво, а Владата ќе работи на изнаоѓање решение и на спроведување на планот.

Она што е значајно да се спомене е дека нема потреба од никаква паника, ниту од избрзани реакции и заклучоци. Станува збор за нешто долго најавувано од оваа администрација, и не е одмината ниту една земја – дури ни најстарите и најтрадиционални партнери на САД.

Ова е обид за репреговарање на трговските односи во светот – нешто што беше неопходно и што, иако сега за некои претставува шок, за други ќе значи можност.

Знаеме дека оваа ситуација е шанса за многу луѓе кои не ѝ посакуваат добро на Владата да напаѓаат неосновано и да се обидуваат да нанесуваат штета врз нашиот углед – било поради лични интереси, било поради партиски цели, било поради малодушност. А некои и поради оправдани дилеми – и нив целосно ги разбираме.

Нападите што ги слушаме од првата група споменати – не се ништо ново. Очекувани се, и тие не знаат ништо подобро од тоа. Но ние ќе ги преживееме и нивните напади, и ќе бидеме посилни – ќе се уверите во тоа“, велат од Владата.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk