Недостигот на работна сила и одливот на мозоци претставуваат најголем проблем за бизнисите во Македонија. Според истражувањата, не секогаш главната причина за заминувањето на луѓето од работните места е платата, туку работниците имаат поинакви потреби и очекувања.
Ако се земат предвид податоците дека над 100.000 луѓе бараат работа, а секојдневно се отвораат нови работни места, се гледа дека Македонија се соочува со недостиг на квалификувана работна сила.
Од Владата велат дека ваквите состојби се резултат на долгогодишни лоши стратегии и дека сега, заедно со работодавачите и работниците, бараат начин да се подобри ситуацијата.
https://www.youtube.com/watch?v=5I5p5Ner8Ic