Home » „Одете си дома“: Оваа европска земја ја избегнуваат сè повеќе туристи, локалното население воопшто не ги сака

„Одете си дома“: Оваа европска земја ја избегнуваат сè повеќе туристи, локалното население воопшто не ги сака

by Журнал.мк

Само затоа што сакате да го поминете вашиот одмор во странство, не значи дека локалното население е возбудено поради вашето пристигнување.

Барселона, еден од најпосетуваните градови во Шпанија, стана речиси забранета зона за туристи откако демонстрантите на почетокот на летото ги прскаа посетителите со водени пиштоли.

Скандирања како „одете си дома“ и „Барселона не е на продажба“ одекнуваа низ улиците за време на протестите, каде илјадници луѓе маршираа за да го изразат своето незадоволство од зголемените трошоци за живот за кои го обвинуваат високото ниво на туризам, пишува „Metro“.

Другите дестинации во земјата го следеа примерот, како Мајорка, каде жителите ги блокираа популарните плажи за да ги истакнат негативните последици од прекумерниот туризам.

Се предвидува дека оваа година рекордни 4,7 милијарди луѓе ќе патуваат низ светот, што ќе доведе до невиден број на туристи кои ги преплавуваат градовите. Додека некои тоа го гледаат како економски благослов, тоа може да предизвика сериозни проблеми меѓу локалните заедници: од загадување и гентрификација до зголемување на цените на недвижностите.

Туризмот доведе до станбена криза и во Малага, што предизвика протести со пароли: „Малага е за живот, а не за преживување“. Локалното население кое работи во туризмот не може да си дозволи кирија во сопствениот град.

За да избегнете непријатни ситуации на следниот одмор, можеби е најдобро да бидете внимателни при изборот на дестинација, особено ако жителите се помалку гостопримливи кон туристите.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More