Home » Одбраната на Палевски бара ослободителна пресуда

Одбраната на Палевски бара ослободителна пресуда

by Журнал.мк

Во моментов во Кривичниот суд адвокатот на првоосомничениот Љупчо Палевски ги чита завршните зборови со кои се спротивставува на обвинението за двојното убиство и киднапирањата на Вања и Панче. Од Судот побара да го ослободи Палевски бидејќи немало докази дека тој учествувал, соработувал и потикнувал во грозоморниот чин, со тоа целата вина ја префрли кон неговите сопартијци од Десна, Манев, Кешишев, Видевски. Адвокатот Јовица Страшевски рече дека во текот на постапката било прекршено начелото на еднаквост на оружјата и тоа ќе биде основа за идните жалби пред повисоките судови и мњѓународниот суд за човекови права. Страшевски тведи дека ОЈО нема никаква трага и доказ против Палевски а тоа веќе го знае и јавноста, вели Страшевски. Денешното рочиште треба да биде последно пред објавување на пресудата.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk