Home » Одбележување на Денот на Специјалната антитерористичка единица ТИГАР

Одбележување на Денот на Специјалната антитерористичка единица ТИГАР

by Журнал.мк

Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска ќе биде одбележан Денот на формирањето на Специјалната антитерористичка единица – ТИГАР.

На настанот ќе се обратат премиерот Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и командантот на САЕ ТИГАР Драган Прокоповски.

Делегации на Владата и МВР ќе положат цвеќе и ќе оддадат почит на спомен плочата на загинатите припадници на „САЕ- ТИГАР“.

На 13 март 1981 година по првпат во Министерството за внатрешни работи беше формирана во рамките на тогашниот републички секретаријат за внатрешни работи на СР Македонија Единицата за специјални задачи под името Тигар.

Нејзина примарна цел при формирањето била посебни задачи, обезбедување на јавни личности, справување со кризи, специјални задачи за кои не била подготвена тогашната милиција, а подоцна за антитероризам, специјални задачи како на пример диверзантски акции, инфилтрирање позади линијата на непријателот, обезбедување на терен, подготовка на терен за воени дејствија на останати воени државни структури, приведување и апсење на криминалци или личности барани од законот, нуркање, извлекување на давеници, затрупани во лавини, експлозиви, и кучиња трагачи, обезбедување на лица од витално значење. Во поново време единицата беше надградена со воена метода за решавање на воени конфликти надвор од урбана средина.

На 13 март 2021, покрај 40 годишниот јубилеј од формирањето, Единица за специјални задачи (ЕСЗ) беше преименувана во Специјална антитерористичка единица (САЕ).

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk