Home » Од утре попладне обилни врнежи со локално невреме, снег на планините и пад на температурата

Од утре попладне обилни врнежи со локално невреме, снег на планините и пад на температурата

by Журнал.мк

Под влијание на циклонска активност утре попладне и во вторник ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат обилни, од 20 до 40 литри на квадратен метар, со пороен карактер и појава на ретки грмежи.

Како што информира УХМР, локално процесите ќе бидат во форма на невреме проследени со силен ветер од над 70 километри на час.

-Во вторник врнежите на планините ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка, а во текот на денот врнежите од дожд ќе преминат во снег и во некои од повисоките места. Дневната температура во вторник ќе биде во опаѓање, наведува УХМР.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, во среда времето ќе биде променливо облачно со локален дожд, а во четврток повторно ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни со пороен карактер.

Во Скопје утре попладне, во текот на ноќта и во вторник ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат обилни, над 20 литри на квадратен метар, проследени со засилен ветер.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk