Огномет можеби предизвикал пожар во селото Батинци, покажува билтенот на МВР.
Вчера во 16.14 часот во СВР Скопје, Р.Џ.(37) од с.Елево, општина Студеничани, пријавил дека во с.Батинци, општина Студеничани, настанал пожар на сува трева, кој се проширил и на нива му биле опожарени 500 бали со сено.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. На местото каде настанал пожарот била пронајдена кутија од искористен огномет. Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.