Home » Од огномет и пиротехнички средства од јахта, предизвикан пожар на грчкиот остров Идра

Од огномет и пиротехнички средства од јахта, предизвикан пожар на грчкиот остров Идра

by Журнал.мк

Голем пожар во борова шума беше предизвикан доцна синоќа на грчкиот остров Идра од огномет и пиротехнички средства испукани од приватна јахта, пожар што веќе е локализиран.

Според грчките медиуми, постоела пријава од капетан на соседен брод дека од огнометот од конкретната јахта бил предизвикан пожарот, а од претпладнево во тек е прелиминарна истрага на противпожарната служба на Грција.

Јахтата е закотвена во морскиот дел во близина на Атина, според истите информации, ја изнајмиле група од 17 странски државјани кои денеска ќе дадат исказ.

Градоначалникот на Идра Јоргос Кукудакис, говорејќи за грчката телевизија ЕРТ изрази огорченост од фактот што „некои луѓе толку неодговорно фрлаат огномет во борова шума“.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More