Home » Од ДКСК: Нема пријава за обидот за мито за пругата со Бугарија

Од ДКСК: Нема пријава за обидот за мито за пругата со Бугарија

by Журнал.мк

Во Антикорупциска чекаат пријава обвинувањата за обид за поткуп во врска со тендерот за изградба на пругата до Бугарија кој го кажа премиерот Христијан Мицкоски. Ниту тој ниту пак некој друг претставник на владата нема поднесено пријава до Антикорупциска, писмено ни соопшти претседателката на комисијата Татјана Димитровска. Според неа државната комисија нема надлежности за истражување на вакви случаи, туку тоа треба да го истражат други органи како што се јавните обвинителства и МВР. Државната комисија заспречување корупција ќе се вклучи во истрага само доколку еден од надлежните органи упати предмет за натамошна контрола или ако има индиции за коруптивни дејствија што треба да се испитаат, се додава во писмениот допис. Засега предмет за овој случај нема отворено ниту јавното обвинителство, Мицкоски нема ниту таму поднесено пријава.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More