Home » Од денеска задолжително поседување зимска опрем

Од денеска задолжително поседување зимска опрем

by Журнал.мк

Министерството за внатрешни работи соопшти дека од денеска па до 15 март возилата граѓаните што учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема.

Зимската опрема за моторни возила што не надминуваат 3.500 килограми подразбира: зимски пневматици на сите четири тркала со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 4 милиметри; пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина со најмалку 4 мм ако возилото во приборот поседува синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

За моторни возила со погон на четири тркала (4×4): зимски пневматици на сите четири тркала со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм; пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина со најмалку 4 мм ако возилото во приборот поседува синџири за снег и во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната оска, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената оска.

За моторни возила што надминуваат 3.500 кг: зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм. Пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина со минимум 4 мм ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала; автобуси и товарни моторни возила, кои поради технички причини, не може да постават синџири за снег на погонските тркала, треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат – лопата.

Зимски пневматици се оние пневматици што на својата бочна страна имаат ознака МС, М+С, М&С и знак за снегулка на стилизирана планина со три врва.

Согласно одредбите од правилникот за задолжителна опрема на возилата, во патниот сообраќај на возилата е забрането поставување пневматици со клинци.

МВР апелира до возачите да се придржуваат кон законската обврска за поседување зимска опрема бидејќи така овозможуваме непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на патиштата во зимски услови.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk