-2 C
Skopje
Thursday, January 28, 2021

Од денеска се намалува ДДВ на храна и пијалоци во кафулиња од 18 на 10 отсто

Најчитани вести

Храната и пијалоците кои се служат во ресторани и кафулиња ќе се даночат по нова повластена стапка од 10%, наместо од 18% како што беше досега и ова ќе почнува да важи од денеска 1 јануари 2021, истото важи и за кетеринг услуги, со исклучок на алкохолни пијалаци.

Според угостителите ваквите измени нема да влијаат на крајната цена на производите и услугите во угостителството.

Сметаат дека ваквата мерка требало одамна да биде донесена бидејќи ја практикуваат речиси сите развиени економии, затоа што нема директни импликации врз буџетот, а ќе помогне за подобрување на ликвидноста и работењето на угостителите.

Воедно Владата одлучи исто така од 1 јануари да има и повластена даночна стапка од 5% за определени занаетчиски услуги коишто се вршат од занаетчии коишто се запишани во занаетчиски регистар.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести