Од денеска до вторник ќе се спроведува првото електронско пријавување на учениците за запишување во средно образование за учебната 2024/2025 година. Второто пријавување во јунскиот уписен рок ќе биде на 1 и 2 јули.
Со цел да се оптимизира процесот, Министерството за образование и наука и оваа година овозможи електронско аплицирање.
Од МОН појаснија дека регистрација на системот нема да биде потребна и најавата ќе се врши исклучиво со корисничките сметки на schools.mk.
Конечната ранг-листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое училиште треба да ја објави на 26 јуни најдоцна до 9 часот, на јавно место во училиштето или на училишната интернет-страница.
Во училиштата каде што ќе има квалификациско тестирање ќе се организира на 28 јуни.