Home » Од четврток портокалова фаза на цела територија на државата, температурите до 40 степени

Од четврток портокалова фаза на цела територија на државата, температурите до 40 степени

by Журнал.мк

Дневните температури од утре до недела, како што најавуваат од УХМР, на целата територија на државата ќе бидат над 30, а на места над 40 Целзиусови степени.

Управата за хидрометеоролошки работи предупредува на натпросечно топло време за овој период од годината во наредните неколку дена. Дневните температури од утре до недела, како што најавуваат од УХМР, на целата територија ќе бидат над 30, а на места до 40 Целзиусови степени.

„Според прогнозираните и пресметаните гранични вредности на екстремни температури од УХМР, на територијата на нашата земја утре ќе биде активно жолто, а во Скопската и Полошката Котлина портокалово ниво за опасност од високи температури“, информираат од Управата.

Поради понатамошен раст на температурите, од четврток на целата територија ќе биде активна портокалова фаза.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More