Home » Од 750, само 200 делегати дојдоа на Конгресот на СДСМ – дел преминаа во ЗНАМ

Од 750, само 200 делегати дојдоа на Конгресот на СДСМ – дел преминаа во ЗНАМ

by Журнал.мк

Дали вистинската причина за одложувањето на конгресот на СДСМ е тоа што 2/3 од делегатите не се појавиле? Од 750 делегати, синоќа во скопскиот хотел, каде требаше да расправаат за изборниот дебакл, дошле околу 200.

Од актуелното раководство не негираат дека имало помал број на делегати, но тврдат дека точната бројка не ја знаат. Свесни се и дека, дел од делегатите преминале во ЗНАМ.

Членството и симпатизерите незадоволството го истураат на социјалните мрежи, каде „преседан“, „шлаканица“и „конгресен дебакл“ се најчестите епитети. Највисоките партиски органи се обвинувани дека „се служат со лаги, ја манипулираат јавноста, ја носат партијата во бездна, а делегатите ги третираат како овци“.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More