Home » Од 58 држави, учениците од Македонија се на 47 место по резултати за природни науки, а во математичка писменост се на 44 место

Од 58 држави, учениците од Македонија се на 47 место по резултати за природни науки, а во математичка писменост се на 44 место

by Журнал.мк

Од 58 држави, учениците од Македонија се на 47 место по резултати за природни науки, а во математичка писменост се на 44 место, соопшти Минисерството за образование и наука (МОН) , презентирајќи ги резултатите од последното меѓународно ТИМСС тестирање што беше спроведено во 2023, по петти пат во земјава. Тестирани беа ученици од четврто одделение, на македонски и на албански јазик и за првпат електронски.

TIMSS (Trends International Mathematics and Science Study) е интернационална студија во која се мерат постигањата на учениците по математика и природна група предмети (природни науки, физика, хемија, биологија), како и факторите кои влијаат на тие постигања.

Во меѓународни рамки, Сингапур го држи првото место и по математичка писменост и по наука.

Од МОН велат дека и оваа меѓународна компаративна студија покажа дека на нашиот воспитно-образовен систем му се потребни крупни промени, за да можат нашите ученици да ги подобрат знаењата.

„Затоа, делуваме во сите сегменти на образованието, почнувајќи од основното, постепено и со консултација со сите засегнати чинители. Најавивме и во сѐ поголем број училишта реализираме продолжен престој во училиште, како можност за повеќе наставни и воннаставни активности, подобро совладување на материјалот, стекнување на нови вештини, развивање на интереси. Го реформираме гимназиското образование, го прошируваме концептот на дуално образование и развиваме нови регионални центри за стручно образование и обука. Наставниците продолжуваат со сериозни обуки, затоа што тие се темелот на целиот воспитно-образовен систем“, вели Министерството.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk