Стотици прехранбени производи се најдоа во новогодишната кошничка, која Владата ја подготви како поддршка за граѓаните во пресрет на празниците.
Мерката стартува од 15 декември и ќе трае до 15 јануари. Истата се носи во консултација со бизнис секторот.
Детали за новогодишната кошничка ќе соопшти премиерот Христијан Мицкоски.
Како што соопштија од владината прес-служба, новогодишната потрошувачка кошничка се состои од листа на прехранбени производи и алкохолни и безалкохолни пијалаци предложени од страна на производителите и трговците кои за време на новогодишните празници ќе бидат понудени на потрошувачите по ниски цени.
https://www.mojakosnica.mk/_files/ugd/89a6a6_fb8bd600788043159e11f040c12d8c82.pdf