Home » Обвинителството заборави на петардите на Дрим Ахмети?!

Обвинителството заборави на петардите на Дрим Ахмети?!

by Журнал

749-те петарди на успешниот млад бизнисмен Дрин Ахмети заглавија во обвинителскиот систем со прибавувањето на докази. Вештачењетото стигна во Обвинителство, ама дали ќе има обвинение за внукот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети засега е неизвесно.

Јавниот обвинител обезбедува материјални и вербални докази во однос на набавката на пиротехничките средства, повикува лица на распит и сé уште не донел одлука дали ќе донесе решение за запирање на истрагата или ќе покрене обвинение, според информациите од Обвинителство. Може да се случи и трета варијанта, а тоа е истрагата да трае до бескрај и за петардите на Дрин да се заборават.

 

Се преземаат други дејствија, се прибавуваат вербални и материјални докази во поглед на набавката, по што ќе биде донесена јавнообвинителска одлука. Јавен обвинител презема дејствија, се повикуваат лица на распит и се утврдува набавката, велат од ОЈО.

Вештачењето на пиротехничките средства пронајдени во џипот на младиот Ахмети е завршено и предадено до Обвинителство уште пред десет дена. Министерот Оливер Спасовски потсети дека предметот сега е во рацете на ОЈО и од нив зависи исходот на истрагата. Премиерот Ковачевски, пак, инфорираше дека Дрин едноставно бил фатен при редовна полициска контрола и не постои никакво политичко буре барут кое ќе ескалира во коалицијата.

Дрин Ахмети беше фатен со 749 парчиња пиротехника ден пред Нова Година. Тој беше задржан три часа во „Беко“, откако тигри во близина на старата скопска чаршија го фатија со полн гепек пиротехника во „ренџ роверот“ со албански регистарски таблички. Од полициска Беко, тој беше спроведен со лисици на во цивилно возило на полицијата. Каде го одведоа надлежните, не откриваат.

25 годишниот Ахмети кој го фатија со стотици петарди и сега е сред истрага, е неверојатно успешен бизнисмен кој поседува 39% удел во ТЦ Соравиа без јавноста да дознае за кој износ ја купил. Дрин Ахмети е син на Фекри Ахмети, брат на Ахмети, а во своето бизнис портфолио иако има само 25 години веќе има четири фирми. Од градежни проекти, до каменолом и фирми за производство на струја.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More