Home » Обвинителството во Нови Сад: Сослушани вкупно 48 лица, денеска упте петмимна

Обвинителството во Нови Сад: Сослушани вкупно 48 лица, денеска упте петмимна

by Журнал.мк

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, во врска со трагедијата на 1 ноември кога се урна бетонска настрешница од зградата на железничката станица во тој град, во изминатите три дена сослуша вкупно 48 лица, а денеска е побарано сослушување на уште пет луѓе.

Во тој период, од повеќе различни институции, правни и физички лица, одземена е соодветна документација, чија детална анализа е во тек, а наредено е и потребното вештачење за утврдување на причината за уривањето на настрешницата, пропустите кои довеле до истото, како и одговорностите на лицата, беше соопштено од обвинителството.

По увидот, местото на настанот е расчистено, со оглед дека се работи за јавна површина, а заради обезбедување докази градежните остатоци од урнатата настрешница по барање на јавен обвинител се преместени на безбедна локација каде се под континуираниот надзор на службениците на Полициската управа во Нови Сад.

Пристапот до таа локација е забранет, освен со претходно одобрение на обвинителството.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk