Home » Обвинителството влезе во Судскиот совет, се бараат докази за евентуално извршени кривични дела

Обвинителството влезе во Судскиот совет, се бараат докази за евентуално извршени кривични дела

by Журнал.мк

Полициски службеници по наредба на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје попладнево влегле во Судскиот совет, за да обезбедат докази односно два записници кои треба да се проверат поради сомнежи за евентуално сторено кривично дело поврзано со мандатот на претседателката во заминување, Весна Дамева, потврди Јавното обвинителство.

-Постапувањето на обвинителството не е поврзано со формираниот предмет за црната листа на САД, туку се однесува на известување од МВР во кое е побарана наредба за обезбедување записници од седница на Судски совет во врска со мандатот на Дамева, информираа од Јавното обвинителство.

Премиерот Христијан Мицкоски на 28 ноември од собраниската говорница, одговарајќи на пратенички прашања, рече дека континуирано добива информации за тоа што се случува во Судскиот совет.

-Таму има еден клан од двајца, еден од тројца, една е сама, добивам документи од свиркачи за фалсификувани записници со различни дати, различни печати, без потписи. И ако тоа не е основа за јавниот обвинител да влезе и да провери, не знам кој глас треба да допре до Обвинителството за да постапи, посочи Мицкоски.

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева на 2 декември поднесе неотповиклива оставка од функцијата претседател на Советот, кој сега останува да функционира без претседател, откако изборот за нов претседател беше одложен.

Дамева, како причина за оставката, го наведе „немањето слух кај извршната и законодавната власт да се обезбеди брза и ефикасна правда, како и обидите за нарушување на нејзиниот интегритет од страна на високи функционери од власта“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk