Home » Обвинителството бара притвор за десет лица

Обвинителството бара притвор за десет лица

by Журнал.мк

Јавното обвинителство ќе бара краткотраен притвор за десет лица, за кои во текот на денешниот ден се обезбедени докази за евентуална одговорност за синоќешниот пожар во ноќниот клуб во Кочани, информираше вечерва jавниот обвинител Љупчо Коцевски и обвинителите од тимот што постапуваат на случајот.

Сослушан еден од организаторите на настанот и како што рече Коцевски немало писмен договор меѓу организаторот и групата за организирање на концертот.

Над 20 лица се сослушани во текот на денешниот ден за случајот, на информативен разговор во Скопје е повикан и поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, потврди Коцевски.

Тој рече дека е формиран обвинителски тим од двајца јавни обвинители од ОЈО Скопје, двајца од ОЈО Кочани и двајца од ОЈО Штип, кои извршиле увид на лице место, кој се уште не е завршен и ќе продолжи во текот на утрешниот ден, а најави дека за утре ќе бидат ангажирани и три до пет јавни обвинители од Скопје.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk