Home » Обвинителството бара Мерко да се прогласи за виновен, бранителите тврдат-законски поставувал директори

Обвинителството бара Мерко да се прогласи за виновен, бранителите тврдат-законски поставувал директори

by Журнал.мк

Денеска во Основниот суд во Струга се одржаа завршните зборови за судскиот процес против градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, кој е обвинет за незаконско поставување директори на училиштата во Лабуништа, Радолишта и Подгорци.

Судијата Јордан Јованов, кој води неколку случаи против Мерко, пресудата ќе ја соопшти утре во 12:30.

Јавните обвинители Ванеса Бизати Билали и Џемал Љога во своите завршни зборови нагласија дека обвинетиот во својство на градоначалник постапил спротивно на прописите и позитивните законски овластувања во неколку случаи, со тоа што назначил лица кои не ги исполнувале условите за функцијата вршител на должноста директор.

Тврдат дека Мерко назначил привремени директори без одлука од училишните одбори, без објавен конкурс и постапил небрежно во користењето на своите дискрециони овластувања како градоначалник, со што го нарушил и процесот на функционирање на образовните институции.

Адвокатот на Мерко, Игор Петковски, посочи дека обвинителството не успеало да ја докаже вината на обвинетиот во овој процес.

Според него доказите изнесени на главната расправа јасно не ја докажуваат намерата на обвинетиот да добие корист за некој друг или да предизвика штета, туку напротив да овозможи непречено функционирање на училиштата.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk