Home » Обвинителството ќе поведе постапка и против родителите на Васил Јованов кој ја прегази Фросина Кулакова

Обвинителството ќе поведе постапка и против родителите на Васил Јованов кој ја прегази Фросина Кулакова

by Журнал.мк

Јавниот обвинител Гаврил Бубевски информираше дека Обвинителството ќе поведе постапка и против родителите на Васил Јованов кој ја прегази Фросина Кулакова, возејќи под дејство на алкохол и без возачка дозвола.

Во вечерашното гостување на Телевизија Телма, Бубевски изјави дека обвинителството ги презело сите неопходни мерки за прибирање и анализа на доказниот материјал, вклучувајќи видео материјали и експертизи за брзината на движење на возилото. Утврдено е дека возачот поминал на црвено светло, што, како што рече, ја подигнува кривичната одговорност и покренува умислен аспект.

– Тука умислата се подразбира. Затоа што за да постои умисла, треба сторителот да е свесен за своите дејствија или за своите недејствија што бил должен да ги преземе, но се согласил со последицата. Тука многу лесно може да се заклучи дека возењето под дејство на алкохол, со брзина која што е поголема од дозволената, таа е предмет на вештачење, но и со другите факти, веќе умислата е дефинирана. Затоа што стигнуваш на пешачки премин, каде што е црвено и тука веќе се согласуваш со последицата која што може да настане. Тука веќе нема место за друга правна квалификација во однос на овој дел, рече тој.

Обвинителот информираше дека постапката е проширена и спрема родителите и дадени се соодветни наредби до Министерството за внатрешни работи да ги испитаат околностите како што се кој му давал средства за бензин во возилото, од кога е возилото, кој го употребува. Тој рече дека би подлегнало на одговорност тоа што на обвинетиот му се пружило средство за предизвикување општа опасност.

– Постапката што се води против обвинетиот за ова кривично дело е проширена за да се испита влијанието и дејствијата на родителите во насока во која што му е овозможено на тоа лице да има средство кое што предизвикува општа опасност, изјави Бубевски.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk