Основното јавно обвинителство оформи предмет по допрен глас за екс-вицепремиерот и министер за политички систем и односи со заедниците Артан Груби и апелациониот судија Енвер Беџети, информираше јавниот обвинител Љупчо Коцевски.
Груби и Беџети се најдоа на црната листа на САД, со обвинување за мито, а поврзано со преметот за масовното прислушување,,Таргет” и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.
-Од она што го имавме како информација е дека две лица се ставени на црната листа на САД. Лицата ги знаете кои се. Од тие информации формирав предмет, сочинив службена белешка од наводите кои ми беа познати и кои ги дознав, воглавно од медиумите и јавноста. По предметот ќе постапува надлежно јавно обвинителство. Кој е давател, кој е примател на поткупот, дали има тргување со влијание – ќе се истражи. Предметот е заведен, тоа го сторив вчера“, рече Ковацевски.