Home » Обвинителството ја истражува смртта на професорот Сашо Кожухаров кој беше пронајден во водите на Црна Река

Обвинителството ја истражува смртта на професорот Сашо Кожухаров кој беше пронајден во водите на Црна Река

by Журнал.мк

Професорот д-р Сашо Кожухаров, Декан на Економскиот факултет и Проректор за наука и развој на Универзитетот Скопје е лицето кое на 16 декември беше пронајдено починато во автомобил во водите на Црна Река.

Од Основното јавно обвинителство Кавадарци денеска информираат дека преземаат повеќе дејствија за испитување на причините за смртта на 64-годишен скопјанец.

Веднаш по настанот беше извршен увид на лице место, а при првичниот преглед на телото на починатиот не се констатирани видливи траги на насилство. Издадена е наредба за обдукција, а обдукцискиот наод се уште се изготвува и не е доставен до обвинителството. Освен тоа, наредени се и дополнителни лабораториски анализи.

-Со цел испитување на настанот, надлежниот јавен обвинител издаде и барања до мобилни оператори за проверка на листинзи и податоци од базни станици за евентуална телефонска комуникација. Воедно, од АД ЕСМ – Подружница ХЕЦ Тиквеш побарани се информации дали во временскиот период на настанот е вршено испуштање вода од браната на хидроелектраната и дали при таков испуст се подига значително нивото на водата во Црна Река на критичната локација, велат од Обвинителството.

Врз основа на сите овие наоди и информации Основното јавно обвинителство Кавадарци целосно ќе го провери настанот.

Д-р Кожухаров беше познат економист, доктор на финансиски, сметководствен и трошочен менаџмент, професор од областите на микро и мезоекономските дисцилини, работеше и на менаџирање на факултетските активности, научно-истражувачка работа, организација на научни конференции, автор на повеќе стручни дела.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk