Home » Обвинителство постапува за случајот на физички напад од две малолетнички врз друго девојче

Обвинителство постапува за случајот на физички напад од две малолетнички врз друго девојче

by Журнал

Јавен обвинител од Одделението за малолетни сторители на кривични дела при Основното јавно обвинителство Скопје бил известен за настанот во кој две малолетнички физички напаѓаат друго девојче во центарот на Скопје.

– Дадени се насоки за постапување – информираат од Обвинителство.

На социјалните медиуми беше објавено видео од настанот, на кое најпрво се гледа вербална расправија меѓу три девојчиња, а потоа и физичката пресметка.

Во полицискиот билтен на МВР, стои дека на 09.02.2024 во 18.20 часот во СВР Скопје В.И. (45) од Скопје, пријавил дека околу 13.00 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар, по претходна расправија, неговата малолетна ќерка била физички нападната од две малолетнички со кои се познавала.

Фактор објави за овој немил настан, за кој како што пишавме, да биде парадоксот поголем, иако има голем број сведоци, место да ја смират кавгата, нивните соученици ги подбуцнуваа девојчињата и ги снимаа.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk