Скопското основно јавно обвинителство ќе ги испита индициите за фалсификување на ТОЕФЛ сертификатот на новоизбраниот директор на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски, пишува СДК.МК.
Како што велат за порталот, ОЈО е обврзано да провери вакви наводи по закон. Доколку Антикорупциската комисија не постапи навремено, ОЈО ќе отвори сопствен предмет.
Ако се утврдат основани сомневања, ќе започне предистражна постапка, а Јавното обвинителство ќе побара помош од бугарските колеги за собирање докази.
Христовски во својата биографија наведува дека во март 2022 година добил ТОЕФЛ сертификат од компанијата „Јулија ЦО ЛТД“ од Пловдив. На 9 октомври, две директорки на јавни установи беа осудени на условни казни затвор за фалсификување сертификати од истата компанија.