Home » Обвинителот Коцевски: Сум имал 50 до 60 вакви случаи, но како убиството на Вања Ѓорчевска немав видено

Обвинителот Коцевски: Сум имал 50 до 60 вакви случаи, но како убиството на Вања Ѓорчевска немав видено

by Журнал.мк

Државниот обвинител Љупчо Коцевски во првото телевизско интервју, во ТОП Тема на Телма наведе дека во обвинителската кариера истражувал многу злосторства, но како убиството на Вања Ѓорчевска нема видено.

„Во моето долгогодишно искуство, може да кажам дека сум имал 50/60 случаи вакви, за жал, меѓутоа тука се работи за специфично грозоморно убиство, рече Коцевски кој потенцираше дека нема такво искуство.

Коцевски во интервјуто наведе дека очекува скора екстрадиција на Палчевски и оцени дека има многу докази во истрагата за тоа како што вели грозоморно злосторство. Со истрагата се опфатени 5 лица кои се осомничени.

„Обезбедени се доказите, имаше и обдукција, сето тоа оди во корист на фактичката состојба што обвинителството ја утврдува, чекаме екстрадиција во однос на лицето што го спомнавте, Палчо, и јас мислам дека ќе биде брзо екстрадиран од Република Турција. Нашата работа е завршена, останува само екстрадицијата“, изјави државниот обвинител Коцевски во Топ Тема на Телма.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More