Home » Образложение на одлуките за избор на судии и за пропаднат оглас – акциски план на Судски совет со 17 од 40 препораки на Оценската мисија на ЕУ

Образложение на одлуките за избор на судии и за пропаднат оглас – акциски план на Судски совет со 17 од 40 препораки на Оценската мисија на ЕУ

by Журнал.мк

Седумнаесет од 40-те препораки на оценската мисија на Европската Унија (ЕУ) влегоа во акцискиот план на судскиот совет. За секоја има предвидени мерки и рокови, почнувајќи од март до крајот на годинава. Членовите да ги образложуваат одлуките, особено кога не ги бираат прворангираните судии. Но, и да се дава образложение, кога ќе пропадне огласот, односно нема да биде избран ниту еден од кандидатите.

Ова се две од препораките кои се однесуваат на изборите на судии, а за која судски совет си дал временска рамка за да ја имплементира до декември. Другите препораки се однесуваат на транспарентноста и на воведување на рокови во дисциплинските постапки. За спроведување на акцискиот план неопходни се средства, а ние, како и за други работи во судството, зависиме од извршната власт или од надворешни проекти, се пожалија дел од членовите.

Првата мерка во акцискиот план е блокирана токму поради тоа што бара вработувања.

Акцискиот план е патоказ за судскиот совет, а до него дојде по извештајот на Оценската Мисија која ЕУ ја испрати по скандалозното разрешување на Дамева. Останатате 23 препораки на експертите на ЕУ предвидуваат законски измени и интервенција во Уставот, а од ЕУ порачаа дека будно ќе го следат спроведувањето на овој извештај кој очекуваат да биде приоритет и за новата Влада по изборите.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk