Home » Обожавателите на „Оезис“ изгубија повеќе од 2,3 милиона евра на лажни билети

Обожавателите на „Оезис“ изгубија повеќе од 2,3 милиона евра на лажни билети

by Lina Muslija

Обожавателите на „Оезис“ изгубиле вкупно повеќе од два милиона фунти (приближно 2,3 милиони евра) поради измамите на социјалните мрежи, особено на „Фејсбук“, верувајќи дека купувале билети за концерт по повторното обединување на бендот, според британската банка „Лојдс“.

 

„Банката проценува дека, најверојатно, ќе има најмалку 5.000 жртви во Велика Британија откога билетите биле пуштени во продажба и дека над 2 милиона фунти се изгубени поради измамниците“, се вели во соопштението на банката објавено во средата. Банката ги доби овие податоци врз основа на сопствените клиенти, а овие податоци потоа беа проширени на остатокот од Обединетото Кралство.

 

Браќата Галагер, Лијам и Ноел, на крајот на август објавија дека повторно го формираат култниот бенд „Оезис“ 15 години по нивното разделување и дека ќе одржат серија концерти во Обединетото Кралство и Ирска, што предизвика голема возбуда.

 

Но, хаотичната продажба на билети за концертите во Кардиф, Манчестер, Лондон, Единбург и во Даблин, кои се распродадени во ист ден, предизвика гнев и фрустрација кај купувачите. Тие се соочија со прекини на пренатрупани платформи за продажба и динамични, повисоки цени во последен момент.

 

Потоа измамите насочени кон разочараните фанови се шират на социјалните мрежи преку лажни реклами, понекогаш нудејќи билети по намалени цени, велат од банката.

 

„Лојдс“ забележа речиси 1.000 жртви меѓу своите клиенти, кои изгубија во просек по 436 фунти. Еден од нив бил измамен од 1.700 фунти. Девет од десет луѓе биле измамени на социјалните мрежи на „Мета“, од кои повеќето преку „Фејсбук“.

 

„Фактот што толку многу случаи почнуваат со лажни реклами на социјалните мрежи, честопати во спротивност со политиките на платформите, ја нагласува важноста овие компании да преземаат посилни мерки“, рече Лиз Зиглер, директор за спречување измами во „Лојдс“.

 

Од друга страна, британскиот регулатор за конкуренција, CMA, на почетокот на септември отвори истрага против препродавачот на билети „Тикет мастер“ за да испита дали на клиентите им биле доставени јасни информации и дали тие биле под притисок да купат билети за краток временски период. Според CMA, „Тикет мастер“ продал повеќе од 900.000 билети за концертите на „Оезис“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk