Home » Обожавате салата со домати и краставици? Ова е главната причина зошто треба да ја избегнувате

Обожавате салата со домати и краставици? Ова е главната причина зошто треба да ја избегнувате

by Lina Muslija

Омилената пролетна салата под лупа: Комбинацијата од краставици и домати не е секогаш здрава, предупредуваат нутриционистите

Класичната пролетна салата од краставици, домати, масло, сол и бибер за многумина претставува неодолива свежа комбинација. Но, според дел од нутриционистите, токму овој популарен спој може да има и свои скриени недостатоци.

Руската нутриционистка Аљона Парецка наведува дека, иако и доматот и краставицата се богати со корисни нутриенти, нивната заедничка консумација може да доведе до намалување на нутритивната вредност.

– Доматот содржи значајни количини на витамин Ц (аскорбинска киселина), додека краставицата има ензим наречен аскорбиназа, кој го разградува овој витамин и ја намалува неговата биолошка активност – објаснува Парецка.

Со други зборови, при комбинирано јадење, дел од вредните состојки – особено витамин Ц – се губат, што ја намалува корисноста на салатата од нутриционистички аспект.

Дополнително, високата содржина на вода во краставицата и киселоста на доматот може кај чувствителни лица да предизвикаат дигестивни тегоби, како што се надуеност, непријатност во стомакот, па дури и дијареа. Според некои стручњаци, проблемот произлегува и од тоа што краставицата создава алкална, а доматот кисела средина во желудникот – комбинација што доведува до неутрализација на одредени корисни материи.

Иако повремено консумирање на оваа салата нема да предизвика сериозни здравствени проблеми кај повеќето луѓе, експертите препорачуваат претпазливост кај лицата со чувствителен желудник или нарушена дигестија.

Совет: За да ги задржите нутритивните придобивки од двете намирници, подобро е да ги консумирате одделно – на пример, доматот со сирење или маслинки, а краставицата со јогурт или други свежи зеленчуци.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk