13 C
Skopje
Saturday, May 8, 2021

Облачно и дождливо, на планините снег

Најчитани вести

Времето денеска претежно облачно со врнежи од дожд, пообилни во западните делови, каде локално ќе наврнат нови над 20 л/м2. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег од кои ќе има дополнителна снежна покривка. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 6 до 15 степени.

Во Скопје ќе биде облачно и од изутрина со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 10 степени.

Во следните денови ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд. До понеделник врнежите повремено ќе бидат поројни и најобилни во западните делови каде дневните количества на воден талог понекаде ќе надминуваат 20 л/м2. Во западните делови и особено на северозападот на планините ќе врне снег и значително ќе се зголеми снежната покривка. Врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места особено на северот од вечерните часови во сабота и преку ноќта.

Share

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести