На социјалните мрежи се појави шокантно видео од обид за грабеж на спортска обложувалница во Чаир, кој можеше да заврши и трагично по животот на вработениот, но, за среќа, тој поминал само со повреди.
Само храброста на вработениот во обложувалницата била пречка крадецот да го испразни сефот и да си замине со планираниот плен. Со оглед на тоа дека крадецот бил вооружен со нож, вработениот завршил со повреди во левата рака и левата надлактица.
Од снимката може да се види дека настанот се случил овој месец, а подетални информации за инцидентот засега нема.